Портпаролката на Владата на Република Македонија Венера Азизи изреагира на новата кампања на Европскиот фронт на општествените мрежи со слоганот „Заедно“. Во објава на општествените мрежи таа ја означи како лажна објавата за единство внатре во оваа опозициска коалиција. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“, пренесувајќи ја пораката на Азизи на општествената мрежа.
„Ниту сте заедно, ниту сте подготвени, а никогаш и не сте ни биле. И да, во октомври ќе дојде часот на пресметката. Народот, со референдумот ве однесе дома, ќе ве набрка без враќање, дури и од општините!“ – им порача Венера Азизи на „Европскиот фронт“ и на ДУИ преку фејсбук.






