Барселона и Челзи наскоро би можеле да влезат во војна околу Еден Азар. Во поразот од Реал Мадрид во неделата јасно се виде дека на Каталонците многу ќе недостасува Нејмар и дека под итно мора да доднесат соодветна замена. Неуспехот до сега да го донесат Кутињо од Ливерпул или Дембеле од Борусија (Д) ги принудува на Камп Ноу да се свртат кон Еден Азар. Челзи и тренерот Антонио Конте сигурно не сакаат да го продадат Белгиецот, но Барса започнува да лицитира со 120 милини евра и прашење е до каде може да отиде крајната сума.





