Страшна реа се чувствува вечерва во скопската општина Аеродром каде во воздухот се чувстува мирис на изгорени гуми.
Според очевидци од населбата Ново Лисиче чадот се шири од депонијата Вардариште која официјално е затворена но се уште дел од граѓаните таму оставаат ѓубре.
Според други очевидци на Вардариште вечерва се палат автомобилски гуми.
Според експертите при палење на автомобилски гуми се ослободуваат токсични материи и канцерогени честички.
Градот Скопје и министерството за екологија засега не реагираат на катастрофата со која се соочува дел од главниот град.






