Аеродромот во Пекинг, ново кинеско чудо (ВИДЕО)

Новиот меѓународeн аеродром кој ќе чини 12 милијарди долари се смета дека ќе биде најголем во светот.



Инженерските работи ќе бидат завршени во јули 2019 година, а со пробна работа ќе почне во октомври истата година.

Зградата на аеродромот, која покрива 313.000 квадратни метри, се состои од централен дел и пет краци, слично на феникс кој ги шири своите крилја.

Аеродромот ќе има четири писти и 620.000 летови годишно. Тој ќе може да опслужува до 100 милиони патници и 4 милиони тони товар на годишно ниво.