Еден од најпродуктивните македонски напаѓачи и повремен центарфор на нашата А фудбалска селекција си замина од Гозтепе, но остана во турската Супер лига. Следна станица во кариерата на Адис Јаховиќ е тимот на Коњаспорт кој во принцип е поголем клуб од досегашниот.
30 годишниот скопјанец имаше извонредни 35 гола во 49 настапи во Гозтепе во минатите две години и се зборуваше дека тој ќе мине во некој од клубовите кои се дел од најпопуларната турска тројка (Фенербахче, Галатасарај, Бешикташ), но тој се реши да ја прифати поканата на екипата од средишниот, азиски дел од Турција.