„Потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми со јавување во живо во емисијата ‘Клик Плус“ рече дека се информирани за многу нерегуларности од терен во текот на прегласувањето и оти не го признаваат резултатот во изборната единица 6.“ – објави ТВ 21 во својата вест под наслов „Играта не заврши! Европскиот фронт порачува преку Арбер Адеми: Не го прифаќаме резултатот во изборната единица 6!“.
ТВ 21 пишува: Според Адеми, имало изборни неправилности во селото Ларце. „Ние немавме ниту можност да стапиме во контакт со нашиот набљудувач.“ – рече потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми, изнесувајќи го ставот на неговата партија и на нивната коалиција „Европски фронт“.





