Пратеникот од редовите на ДУИ Арбер Адеми вели дека за ДУИ албанската опозиција воопшто не претставува проблем.
„ДУИ е во трка со Пендаровски и Силјановска“, рече Адеми во дебатната емисија „Клик Плус“ на ТВ21 реплицирајќи ми на пратеникот Фадил Зендели кој сега е од редовите на коалицијата „Вреди“.
Да потсетиме, кандидат на коалицијата на опозицисклите партии на Албанците во Македонија е Арбен Таравари, актуелен претседател, на едно од двете крила по расколот на Алијанса за Албанците.
За конвенцијата на која ДУИ го промовираше претседателскиот кандидат Бујар Османи, Адеми рече дека таа се разликувала и визуелно и во однос на содржината.
„Тоа беше конвенција од „американски стил“, додаде Адеми.






