„Арбер Адеми од Демократската унија за интеграција изјави дека нема разговори меѓу Европскиот фронт и ВМРО-ДПМНЕ. ‘Ако би имало таква комуникација, ние сигурно тоа би го споделиле пред најшироката јавност. Но, ДУИ не се ни обидува да влезе во Владата со ВМРО ДПМНЕ. Ние сме заинтересирани да се почитува легитимитетот на граѓаните. Сметаме дека се премногу опасни стремежите да се демонтира се она што е постигнато во последните 23 години.’ – посочи тој.“ Ова го јави ТВ 21.





