По прв премиер Албанец, по министер за одбрана, претседатели на Управен суд, на боречка, фудбалска, боксерска федерација, правобранители – па дојде време да го отовриме патот и претседателот на биде Албанец, изјави денеска пратеникот од редовите на ДУИ, Арбер Адеми, за медиумите.



„Сржта на идејата на лидерот Али Ахмети е претседател да се бира во Собрание, со над 80 гласови, за да се обезбеди општествен, надпартиски консензус, за да се обезбеди над 80 гласови да се спречи техничкото надгласување само од двете поголеми македонски политички партии“, рече Адеми.

Тој, меѓудругото информираше дека ДУИ започна со собирање на потписи за Бујар Османи, кој е кандидат на оваа партија за шеф на државата.