Шефовите на луксузниот хотел „Wynn“ во Лас Вегас и понудија на пејачката Адел (29) договор вреден половина милион долари по концерт и во времетраење од една година. Ако се сложи, екстремно популарната музичарка ќе заработи вкупно 26 милиони долари за да настапува во нивниот хотел.



„Во „Caesars Palace“ настапуваше Мараја Кери, Бритни Спирс беше во „Planet Hollywoodu“, а сега ја сакаме и Адел“изјавија од хотелот.

Пејачката сеуште не се изјаснила за понудата на хотелот кој има кујна со Мишелин ѕвездичка и во кој настапува Ди џејот Дејвид Гета.