Адвокатот на Мерко бара да се одбие обвинението за луксузниот автомобил

Продолжи процесот во Струга против градоначалникот Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“ од 67 илјади евра, но одбраната на Мерко побарала од Судот да го одбие обвинението затоа што рокот од 5 години за обвинение изминал, пренесува СДК.



Обвинителниот предлог од страна на Јавното обвинителство е поднесен на 28.02.2024 година до Основен кривичен суд Скопје со кој обвинетиот се товари за дејствија од 2018 година што значи изминале повеќе од 5 години. Судот требало согласно член 337 од Законот за кривична постапка, а заради одредбата од член 107 од Кривичниот законик на Македонија да донесе решение со кое ќе го одбие обвинителниот предлог. Во превод ова обвинение не требало да доживее судење, не пак како сега да се води активна судска постапка во која ќе се преземаат било какви дејствија од учесниците во истата“, смета бранителот на Мерко, Игор Петкоски.

За луксузниот автомобил „ауди А6“ и други три возила, од буџетот на Општината биле потрошени 114.000 евра. ОЈО го гони Мерко за злоупотреба на службебната положба поради набавка на четири службени возила. Процесот продолжува на 2. септември.