Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, вчера предупреди на загрижувачката состојба во Македонија која е зафатена од епидемија на корупција што ја шират – крадци.
„Корупцијата тука има навлезено во сите сектори, во сите гранки на Владата, на бизнисите. Луѓето во Северна Македонија се соочуваат со корупција во секојдневниот живот“, рече Агелер во синоќешното интервју за ТВ21
„Корупцијата е епидемија, канцер во државата. Тие кои вршат корупција, се крадци. Крадат од државата и нејзините граѓани“, рече амбасадорката.
Додаде уште дека многу пари се вложуваат во македонското судство, а резултатите ги нема.
„Во судсвото е потребно да има обвинители, судии, истражувачи кои ќе кажат ‘Доста е’.
Многу пари се вложуваат во судството, а каде се резултатите?“, праша Агелер.






