Амбасадорката на САД во Македонија, Ангела Агелер, изјави дека 9 месеци САД ставиле на црна листа повеќе луѓе од Македонија отколку за целиот период од независноста на земјата.



„…Така што покажувајќи ги оние кои…пак крадат од својата земја и од граѓаните…верувам се подигна нивото на разговорот на јавно ниво“, рече Агелер за Клик Плус на ТВ21.

Запрашана зошто САД не ги споделуваат доказите со овдешните властиза лицата на американската црна листа, амбасадорката Агелер рече дека најголем дел од доказите се добиени од тука и дека обвинителството и судовите можат да го обезбедат истото.

„Имаме закони за приватност и ќе ги прекршиме нашите закони ако ги отвориме тие случаи и ако ги споделиме доказите, сепак тие докази се… повеќето од нив, не сите, некои од нив доаѓаат од извори во САД, но најголемиот дел доаѓа од овде, од ова место.

Значи, ако американските дипломати можат да соберат информации кои обезбедуваат доволно докази, тогаш сигурно истражител или обвинител, или кој било од органите на редот или судството, може да ги најде истите докази“, нагласи Агелер.