Aмбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, нема коментар по почнатите истраги и обвиненија кои се поведени против двајцата функционери откако нејзината земја ги стави на т.н црна листа како осомничени за корупција.
„ Не можам. Јас не сум дел од ниту еден од внатрешните истражни процеси во оваа земја“ рече денеска Агелер на прашањето дали може да ја коментира истрагата што започна по ставањето на двајцата функционери на „црната листа“ на Стејт Департментот.
Два дена подоцна, откако на 9 декември Стејт департментот јавно ги назначи Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување судски процеси, Обвинителството отвори предмет за двајцата поради обвинувањата за трговија со влијание и значителна корупција.






