Познатата трка кај МРТ се врати во главниот град по седум години пауза и донесе одличен амбиент, натпревари, доста публика, но се падна во сенка на инцидентот кога излета Урош Бркиќ, а настрада и тоа доста сериозно организаторот Александар Димушевски кој е пренесен во болница во критична состојба.
„Свесен е, но ситуацијата е се уште критична“ рече попладнево синот на познатиот Вуле, Влатко.
Инаку на „Скопје круг 2017“, Филип Василевски беше најдобар во најмасовната, а Алеска Радојковиќ во нјасилната четвртата класа.










