Австрија и Хрватска немаат проблем со пасошите со РМ, Тошковски им се заблагодари

Австрија и Хрватска немаат проблем македонските граѓани да ги користат старите пасоши со Република Македонија без Северна додека тие имаат важност.



На денешните средби со амбасадорите на двете земји техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски им рече фала за разбирањето.

,,Во рамки на денешните активности остварив две работни средби со странски дипломатски претставници, односно амбасадорот на Република Австрија Н.Е. Мартин Памер и амбасадорката на Република Хрватска Н.Е. Нивес Тигањ.

На средбите разговаравме за функционирањето на техничката Влада и нашата улога како Министерство за внатрешни работи во поглед на спроведување фер и демократски изборен процес.

Во однос на македонските патни исправи двајцата амбасадори истакнаа дека нивните држави имаат разбирање за овој проблем и излегуваат во пресрет на македонските граѓани кои можат непречено да го остваруваат правото на слободно движење во Австрија и Хрватска со старите патни исправи, доколку истите имаат валиден рок, за што од моја страна беше изразена голема благодарност”, порача Тошковски по средбите.

Најчитани статии

Екс премиерот и актуелниот вицепремиер добија бесплатна лекција

Драги Таче и Битиќи: Не правете весела математика, повикајте експерт да ви објасни