Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека неговата влада ќе донесе законска забрана за социјалните мрежи за деца под 16 години, што е прв таков предлог во светот.
„Социјалните мрежи им штетат на нашите деца и сакам да се стави крај на тоа“, рече Албанезе на прес-конференција.
Законот годинава ќе биде испратен до Собранието, а ќе стапи на сила дванаесет месеци откако пратениците ќе го прифатат, додаде тој.
„Социјалните мрежи ќе имаат обврска да го спречат пристапот“, рече премиерот.
Министерката за комуникации Мишел Роуланд појасни дека законот ќе важи за платформите на Мета, Инстаграм и Фејсбук, како и за ТикТок и Икс на Илон Маск, а веројатно и за YouTube.





