ШЃефицата на австралиската дипломатија Пени Вонг, првата отворено геј-парламентарка во земјата, се ожени за нејзината партнерка Софи Алуаш.



Ова на социјалните мрежи го објави министерката Вонг.

„Среќни сме што толку многу наши роднини и пријатели можат да го споделат овој посебен ден со нас“, објави Вонг на Инстаграм, објавувајќи свадбена фотографија со својата партнерка, на која се гледа Алуаш во бел фустан и букет.