Тинејџерките од Авганистан дека се чувствуваат „ментално мртви“ бидејќи забраната на талибанците за нивното образование ги спречува повторно да се вратат на училиште, објави Би-Би-Си.
Поминаа повеќе од 900 дена откако училиштата беа забранети за девојчињата над 12 години.
Талибанците постојано ветуваа дека ќе бидат повторно примени откако ќе се решат голем број прашања – вклучително и обезбедувањето на наставната програма да биде „исламска“.
Главниот портпарол на талибанците изјави за локалната телевизија дека имало „некои проблеми и недостатоци од различни причини“ при укинување на забраната.
Според УНИЦЕФ, забраната сега се однесува на околу 1,4 милиони авганистански девојчиња.меѓу нив, поранешните соученички Хабиба, Махтаб и Тамана, кои зборуваа за Би-Би-Си минатата година.
И по 12 месеци тие се надеваат, но попусто.
„Реално, кога ќе размислиме, ние не живееме – ние сме само живи“, вели Махтаб (16). Гледајте на нас како на мртво тело во движење во Авганистан“.
Тамана – која сонува да биде лекар – се согласува: „Мислам, ние сме физички живи, но ментално мртви“, вели таа.
Девојчињата првпат беа спречени да продолжат со школување во септември 2021 година – еден месец откако Талибанците ја презедоа контролата врз земјата.





