Сопственикот на Челзи Роман Абамович се покажа како скржав при наградувањето на фудбалерите за освоената Премиер лига. Само година откако секој од фудбалерите на Лестер беше награден со спортска верзија на BMW во вредност од 100 илјади фунти за освоената титула, нивните колеги од Челзи добија многу поскромни подароци за истото достигнување од раководството на клубот, а тоа значи благодарница и рачен часовник.



Сините од Стенфорд Бриџ од рускиот олигарх добија луксузни часовници за кои се смета дека чинат меѓу 8 и 30 илјади фунти, како и благодарница потпишана од претседателот на Челзи, Брус Бак.

Инаку швајцарскиот бренд на Hublot часовниците е еден од корпоративните партнери на клубот од западен Лондон.