Јосиповиќ: Ако сака во ЕУ, Србија мора да го признае Косово

Влегувањето на Србија во ЕУ без признавање на Косово би значело дека Косово никогаш нема да биде членка на ЕУ.



Таквата редукција на проектот за обединета Европа, за поголемиот дел од сегашните членки на ЕУ не е прифатливо – изјави поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ.

Во интервју за „Данас“ тој додаде дека се надева двете земји, што е можно побрзо да станат членки на ЕУ.

На прашањето дали Хрватска ќе го кочи влезот на Србија во ЕУ, тој рече дека тоа не би требало да се случи и дека верува дека „ќе преовлада здравиот разум“, бидејќи членството на Србија ќе ја подигне безбедноста на регионот и ќе ги зајакне економиите на двете земји.

Според негова оценка, односите меѓу Србија и Хрватска сега се многу полоши од пред неколку години.