„Претседателството на Алијансата за Албанците, раководена од Арбен Таравари, на својата седница, одржана на 19 јуни 2024 година расправаше за кандидатите за заменици-министри за идната Влада и едногласно Елфете Исмаили да биде предложена како кандидат за заменик-министер за одбрана, а Флакрон Беџети да биде кандидат за заменик-министер за земјоделство.“ – објави ТВ Шења.
Натаму, во соопштението на Алијансата на Албанците, раководена од Арбен Таравари, кое го пренесува ТВ Шења, се истакнува: „Во расправата беше нагласено дека избраниците од Алијансата на Албанците во идната Влада во рамки на Вреди ќе ја одразат долгоочекуваната промена и оти ќе бидат на висината на задачите и во служба на граѓаните, штитејќи ги нивните интереси.“
„Борбата против криминалот и корупцијата, европскиот пат на земјата и економскиот раст и благосостојбата на граѓаните се основните столбови на идната Влада.“





