„Поддршка за тероризмот е простувањето на терористите од 27 април 2017 година, кои насилно сакаа да го сопрат ослободувањето на државата и кои го нарушија уставниот поредок. Одлуката на еднонационалната власт за простување на организаторите на овие крвавите настани од 27 април е легализирање на тероризмот како облик на дејствување и поттикнување и на други да сторат тероризам. Ова е борба на нелегитимната власт за амнестија на најтешките злосторства. Тоа претставува и противалбанска кампања.“ – со овие провокативни тврдења се огласи крилото на Зијадин Села во Алијансата за Албанците во своето сооопштение, кое го пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Во соопштението АА на Села наведува: „Еднонационалната и нелегитимна власт по којзнае кој пат потврди дека зборувањето за правда и борба против криминалот е, всушност, борба за амнестија на најтешките злосторства и претставува противалбанска кампања. Со доаѓањето на Владата на ВМРО и вазалите од Вреди се охрабрија сите противалбански елементи во државата, во судството и во обвинителството. Каква ориентација има оваа власт најдобро покажува денешната одлука за спас на организаторите на крвавите настани од 27 април 2017 година, кои насилно сакаа да го сопрат ослободувањето на државата.“
„Простувањето на учесниците на овој настан започна со ослободување на затворениците од страна на директорот на затворите, со други слични процеси, а сега продолжува со простување на организаторите. Овие одлуки се поттик за оние, кои го нарушија уставниот поредок на државата. Овие одлуки го поттикнуваат и го легализираат тероризмот како облик на дејствување. Секој стремеж за простување на организаторите и извршителите на овој злокобен настан ќе ги поттикне и другите да го сторат истото тоа.“
„Ги прашуваме вазалите од Вреди: кога ќе започнете и со повторното судење на другите криминалци, осудени за тероризам кон уставниот поредок, бидејќи тоа е јавна тајна?“





