„Алијансата на Албанците на Зијадин Села повикува на ‘итно запирање на конспиративните сценарија за дестабилизација на земјата’. АА на Села покажува со прст кон премиерот Мицкоски, српскиот претседател Александар Вучиќ, но и кон претставниците на коалицијата Вреди.“ – овие тврдења на фракцијата во АА, со која раководи Села, ги пренесе ТВ Клан Македонија.
Во соопштението на Села и неговите сопартијци натаму се тврди: „По овие случувања единствени, кои продолжуваат да шират дезинформации за дестабилизирачки сценарија, се претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претставниците на вазалната коалиција Вреди. Сите знаат дека на Вучиќ му одговараат вакви ситуации и оти честопати ги поттикнувал со своите изјави. Но, кому му служат претставниците на коалицијата Вреди и на чија воденица налеваат вода, уште и повторувајќи го говорот за дестабилизација? Одговорот е разбирлив и сите Албанци веќе го разбраа.“
АА на Зијадин Села ги критикуваше „најавите на Мицкоски дека ќе продолжи проектот ‘Скопје 2014“. Според нив, „со тоа се враќа времето на груевизмот“. „Овој проект беше запрен во 2017 година кога партиите, кои се денес во Европскиот фронт, ги урнаа Владата и поранешниот премиер Никола Груевски-авторот на овој проект. Како совпаѓање, другите партии од денешната коалиција Вреди тогаш одбија да бидат дел од мнозинството против Груевски и за првиот албански претседател на парламентот. Но, тие партии одбраа да бидат во опозиција со ВМРО ДПМНЕ. Од ова произлезе другарството меѓу нив и тоа кулминираше денес со сличната противалбанска влада. Следното прашање, кое се поставува во оваа ситуација е: кога ќе го вратите и Груевски?“ – наведуваат од фракцијата во АА на Села.
Оттаму велат дека „најавите за континуитетот на проектот’Скопје 2014“ претставуваат, како што тврдат, „продолжение на активностите на нелегитимната влада за прекршување на Охридскиот договор, деградирањето на Албанците, блокирање на евроинтегративниот процес, заострување на односите со Грција, Бугарија и Косово, како и за воздигнување на врските со Србија и Унгарија“. Според АА на Села, „освен вџашувачките и непродуктивни трошоци, проектот ‘Скопје 2024’ го симболизира и заживувањето на македонскиот национализам“.
Home Македонија АА на Села повикува да запрат „дезинформациите за дестабилизација“ и „македонскиот национализам...





