За обнова на слојот асфалт на улицата долга 810 метри, на потегот од раскрсницата кај подвозникот, па сѐ до улицата Востаничка, се чека 38 дена.
Иако пред четири дена Градот Скопје најави дека на 29 септември ќе има завршно асфалтирање на улицата Бихаќка и сообраќајот ќе биде затворен во двете насоки од улицата Востаничка до влезната капија на МВР – тоа не се случи.
Градот најави дека асфалтирањето ќе трае 24 часа, но за жал тоа сѐ уште не е почнато. За вечерва, пак, градоначалникот Петре Шилегов има закажано трибина „Чекор по чекор за Скопје, две години со Петре Шилегов“ на која ќе даде отчет за сработенето по две години од мандатот.
Што ли ќе каже за ова доцнење, прашува „Плусинфо“.





