Наставниците од македонските паралелки во Средно хемиско училиште ја бојкотираат наставата бидејќи назначувањето на новиот в.д. директор Албанец било триумфалистички објавено, пренесе ТВ Сител.



Наставниците реагираат до градот Скопје и МОН за начинот на кој е поставен нивниот колега Блерим Небиу, психолог во истото училиште, за директор без да го информираат Училишниот одбор. Во училиштето има 18 албански и 28 македонски паралелки.

Градоначалникот Шилегов тврди дека в.д. директорот ги исполнува сите законски услови и нема простор ниту за триумфализам ниту за револт.

„Сите законски услови ги исполнува. Немаме обврска во фазата на носење решение за именување в.д директор да го консултираме училиштето, наставничкиот одбор, но тоа не дава за право на никого особено не на наставниот кадар да изразува револт на таков начин“ изјавил Шилегов.