Оскаровката Џуди Денч (82) во новиот филм „Викторија & Абдул“ ја глуми британската кралица Викторија која се заљубува во 44 годиниот помладиот слуга Абдул Карим, кој го глуми Али Фазал (30).



„Мојот колега е многу висок, шармантен и убав. Јас дури и не мораше да глумам дека ми се допаѓа “ рече Џуди Денч.

Актерката која ја носи титулата „Lady“ признава дека се уште чувствува сексуална страст.

„Се разбира, јас сум „напалена“. Дали некогаш престанало? Сакам да им кажам на постарите читатели: „Не се откажувајте“ рече Денч, која од минатата година ја носи својата прва тетоважа. Ѕвездата на филмовите за Џејмс Бонд го истетовира натписот „Carpe Diem“.


Џуди откри и дека купува секси долна облека во специјални продавница во Лондон.

„Ми се допаѓа „непослушната“ долна облека, но не одете таму сега и да купите сè, бидејќи ништо нема да остане за мене“ рече легендарната британска актерка.

Денч е во врска со Дејвид Милс (74) веќе седум години. Нејзиниот прв сопруг, Мајкл Вилијамс, почина во 2001 година. Тие беа во брак 30 години.
„Јас дури и не мислев дека ќе најдам некој по Мајкл. Прекрасно е да се биде заљубен”, вели Џуди.