Бред Пит (53) и Анџелина Џоли (42) го запреа процесот на развод, кој го започнаа во септември минатата година.
„Тоа е пред се поради финансиски причини. Тие имаат многу недвижен имот и многу недоговорени точки во предбрачниот договор“ вели близок на двојката.
Бред сака да го задржи својот имот во Франција, додека Анџелина, од друга страна, сака да го продаде имотот и да ги донира собраните пари во хуманитарни цели.

Бред бил фасциниран од неговата колекција на мебел од почетокот на 20. век, во вредност од околу 10 милиони долари, кој Анџелина исто така, има намера да го продаде.
„Проблемот се и нивните деца. Бред сака заедничко старателство, а Анџелина сака децата да живеат со неа“ вели нивни познаник.




