Ја сметаат за една од најдобрите холивудски актерки. За нејзините улоги таа беше номинирана за Оскар четири пати, но дури денеска, по речиси 20 години, сака отворено да зборува за некои важни моменти во минатото и за влијанието на нејзината мајка.
54 годишната Џоди Фостер ја отвори душата во интервју за Harper’s Bazaar раскажа дека уште кога имала само 14 години, била предмет на сексуално злоставување кога еден продуцент и побарал да го покаже своето тело.
И покрај кариерата која трае речиси 50 години, од нејзиниот прв филм „Menace on Mountain“ кој го сними на возраст од осум години, таа признава дека никогаш не снимила филм за жените, или што е во режија на жена, и дека проблемот на родовата нееднаквост во Холивуд трае и натаму.

Што се однесува до нејзината мајка, Бренди, која извесно време има деменција, Џоди прзнава дека била највлијателниот лик во нејзиниот живот.
„Сѐ има врска со мајка ми и со начинот на кој таа ме подигна. Сакав да ѝ докажам дека сум достојна за тоа“, изјави Џоди, додавајќи дека се обидела да стори сѐ што може за да покаже дека вреди во очите на мајка и.
„Бев подготвена да ги повторувам сцените и по 120 пати ако треба, и никогаш да не го загубам фокусот. Ако добро го правам тоа, мајка ми нема да ме напушти. Морав постојано да се докажувам“ вели Џоди Фостер и признава дека се што остварила се должи на тој однос со мајката.




