Холивуд има долга листа на високи актери кои се во фокусот на публиката и кои добиваат главни улоги во мега хитови, а неретко и награди. На таа листата се оние кои надминуваат два метри или им недостасуваат само три или четири сантиметри за да стигнат до таа бројка. Дел од нив се горди на погледот од високо, но интерсно не се справуваат сите добро со својата височина и со тоа што толку се разликуваат од околината.



Еве дел од најпопуларните.

Винс Вон

Кариерата на Винс Вон (47) не трпи поради неговите 196 сантиметри, но навистина беше смешно кога играше заедно со Рис Витерспун, која е висока само 156 сантиметри, во филмот „Четири божиќи“.

Лиам Нисом

Актерот еднаш истанка дека дека не сака неговите синови да одат по неговиот актерски пат.

„Одиш на аудиција и ти велат дека си премногу висок или дека не им се допаѓа твојот нос. Плус те одбиваат затоа што не си образован, па нешто друго, трето. И тоа е навистина тешко“ рече Лиам Нисон (65) кој е висок 193 сантиметри.

Двејн Џонсон

Холивудски актер, наречен „Карпата“ е со височина од 196 сантиметри. Поранешниот „кечер“ својата прва улога ја имаше во филмот „Кралот Шкорпија“.

 

Тим Робинс

Робинс е највисок актер кој освоил Оскар. Тој му беше доделен во 2003, година и тоа за споредна улога во филмот Мистична река. Тим Робинс (56) е висок 196 сантиметри.