Славната седумдесет и шест годишна оскаровка жали што знаела за сексуалното насилство на филмскиот магнат Харви Вајнштајн, а тоа не го обзнанила и споделила со јавноста порано. И сето ова Џејн Фонда го вели откако њујоршката полицијата започна истрага за познатиот и влијателен холивудски магнат, и покровител на Демократската партија, кој е обвинет за неколку напади и силувања, што може да биде најава за голема судски сага.



Фонда, која е познат борец за правата на жените, во четвртокот на CNN, во шоуто на Кристина Аманпур, изјави дека дознала за тоа пред една година.
„Се срамам, бидејќи јас не кажав ништо за тоа иако знаев. Можеби е тоа така бидејќи јас не бев жртва на Вајнштајн“, изјави Фонда за CNN.

Минатата недела, повеќе жени од филмскиот свет го обвинија Вајнштајн за сексуални напади, силувања и непримерно сексуално однесување.

Филмски продуцент сето тоа го негираше во изјава во која тврди дека сите врски биле со заемна согласност. Приказните за сексуални напади на Вајнштајн беа јавна тајна во Холивуд долги години пред отворањето на истрагата.