Актерката и пејачка Џенифер Лопез (48) и бејзбол играчот Алекс Родригез (42) ја започнаа својата врска од почетокот на оваа година, а веќе бараат заеднички стан во Њујорк.



Станот треба да биде на два спрата и да има доволно простории за сите нивни деца од претходните бракови. Лопез има близнаци од заедничкиот живот со пејачот Марк Антони, додека спортистот има две ќерки од неуспешниот брак со психологот Синтија Шуртис.


Странските медиуми пред неколку месеци пишуваа дека Алекс Родригез и бил неверен на Лопез, а потоа и неговата наводна љубовница, Лорен ги покажа пораките што ги разменила со Алекс, но Џенифер не се грижеше за тоа.

„Среќна сум што имам дечко кој ме сака. Јас сум благословена“ изјави Џенифер.