Џафери ќе го разреши Стојанче Ангелов?!

Ќе биде ли разрешен Стојанче Ангелов од позицијата директор на ЦУК откако вчера соопшти дека неговата партија ја напушта коалицијата со СДСМ и ја отвора можноста за соработка со ВМРО-ДПМНЕ за изборите? Премиерот Талат Џафери рече дека утре ќе разговара со него и доколку е вистина, ќе го разреши – пренесе ТВ21.



„Доколку јавно најавил дека не е зад владината програма, од формален аспект секако дека како премиер ќе започнам одредени постапки во однос на кадровско решение, ќе донесам и соодветна одлука. Секако дека тоа што се вели на телевизија не е за започнување на постапка, но јас утре директно ќе комуницирам со директорот и директно да ми каже. Така да како ќе биде, сметам дека ќе заврши со разрешување, нема друг начин, а за тоа дека сме во изборен период тоа треба да го реши друг орган“, вели Талат Џафери.