Џафери: Ахмети произлезе од војната и не може никој да го урне! – Ахмети: ДУИ победи воено и тактички во секоја битка!

„Во кампањата Али Ахмети најави дека редот е за првиот албански премиер, рече и бидна! Греши оној, што мисли дека ќе го урне Али Ахмети, бидејќи неговото име извира од војната!“ – кажа техничкиот „албански премиер“ за еднократна употреба од 100 дена Талат Џафери на синоќешната централна конвенција за претставување на Бујар Османи како кандидат за „прв албански претседател  на нашата земја“, која се одржа во Скопје.



ТВ Алсат ги пренесува ставовите и пораките, кои ги упати лидерот на ДУИ Ахмети: Тој рече дека „ДУИ не знае за пораз веќе 22 години“ и оти „сите овие тврдини на победите ги изградил народот“. „ДУИ не знае за пораз 22 години, победивме во секоја битка, како воено и тактички. Заедно со народот изградивме тврдина, која не се урива. Нека не влегува никој со нас во белја, зашто ќе си ја најде белјата! Не можам јас, суперлигаш, да играм со некој локален лигаш, ние со Бујар Османи ја имаме суперлигата на суперлигите.“ – изјави Ахмети на централната промотивна конвенција, одржана под мотото „Не за Русија, да за Европа!“.

Инаку, среде Македонија, во Скопје, на централен промотивен собир, со развеани многубројни албански знамиња, па и знамиња на УЧК, знамиња на САД, ЕУ и НАТО, но без ниедно знаме на државата Македонија, за чиј претседател се кандидира, Бујар Османи на синоќешната конвенција за негово претставување рече дека една од причините, поради кои влегол во трката е „да го спречи руското влијание во нашата земја“.

ТВ 21 ги пренесува клучните пораки и ставови на Османи: Нагласувајќи дека „Русија не ѝ пријател на * Македонија“, Османи порача: „Нашата иднина е под закана од надвор, Русија е наш непријател, нејзин стратегиски интерес е Балканот да остане надвор од ЕУ и НАТО. За нас сонцето изгрева на Западот. САД, НАТО, ЕУ – овие зборови треба да ги изговараме колку е можно почесто! Не за Кина, не за Русија, не за Белорусија! Да за ЕУ!“





Поврзана содржина За самобендисаниот кандидат што си ,,го продаде кучата” на избори
Голиот цар развеа бело знаме – Зошто Бујар Османи е пуштен низ вода