Познатиот канадски пејач и текстописец минатата недела го прегазил папарацото што го следел по излегувањето од црква. Џастин Бибер (23) со својот огромен пик-ап камион го удрил Морис Ламонт, па фотографот бил пренесен во болница со повредена нога. Жртвата не може да го обвини Бибер за несреќата, а полицијата во Беверли Хилс, врз основа на изјави на сведоци кои тврдат дека пејачот случајно удрил во фотографот, нема воопшто да поднесе обвинение против него. Олеснителна околност во се е што по инцидентот пејачот му помогнал на фотографот Морис Ламон (57).




Инаку, пејачот, поради несреќата го откажа остатокот од светската турнеја наречена „Цел“ поради како што беше објавено „непредвидени околности“, а во последно време често се гледа како оди во црква.

Бибер оди на духовна обнова, и, наводно, сака да се посвети на верата. Црквата побара од него да ја продолжи турнејата, но на Бибер му треба одмор. Се започна кога Бибер ги прекина 14 закажани концерти на турнејата „Цел“. По ова секако, следеше големо разочарување на неговите бројни фанови.