Бугарските европратеници Ангел Џамбаски и Андреј Ковачев постигнале историски пробив во Европскиот парламенто во интерес на интеграцијата на Македонија во ЕУ, пренесуваат бугарски медиуми.
Неделава во Стразбур се одржа 14-то заседание на Заедничкиот парламентарен комитет меѓу ЕУ и Република Македонија. Бугарските претставници Ангел Џамбазки и Андреј Ковачев, поднеле предлози во завршната резолуција, како барањето за намалувањето на роаминг, подобрување на железничката и патната инфраструктура.
Предлозите беа поздравени и одобрени, а противење имало само од грчките претставници.
„По повеќе од две години застој во односите меѓу Европската и македонскиот парламент, кои се должеа на влошената политичка ситуација во земјата во последниве години, европратениците Џамбазки и Ковачев постигнаа историска победа во ЕП за Македонија“, пишува „Днес.бг“.





