Сопругата на актерот Вил Смит (48) пред извесно време била забележана во центарот за скиентологија во Холувуд. Гласините со години кружат околу популарното смејство, и тие велат дека Џејда (46) и Вил се членови и припаѓаат на контроверзната секта. Ова беше потврдено од актерката Лиа Ремини (47), која некогаш беше дел од скиентолозите.

„Се молев во будистички храмови, синагоги и џамии, а јас не сум будист, ниту Евреин ниту муслиман. Па јас не сум ни скиентолог. Ја практикувам религијата на човечката љубезност и доброта“ рече Џејда Пинкет Смит.
На сета дискусија околу религиозните убедувања актерката неодамна во едно интервју објасни и како се запознала со убиениот рапер Тупак Шакур.
„Се сретнавме за прв пат кога продавав дрога“ рече актерката и уште повеќе ги ангажира оговарачките кругови во Холивуд.






