Академик Катица Ќулавкова со свое видување за полемиката околу празнувањето на божикните празници, со акцент на коледарските огнови.
„Претхристијанската в-ера не е толку многубожна, колку што е ‘јазична’, претпоимска, митска, обредна, сензитивна, па и карневализирана слика на природата. Затоа не треба за неа да се суди со современите морални и рационални стандарди. Историјата е слоевита, па врз еден духовен и верски свет/текст се таложи друг, па трет, како палимпсест. Не можете, а и не треба, да ги избришете сочуваните траги од некогашната духовност и светост. Јазикот памти, како и несвесното, а наше е да ги читаме древните знаци, песни и преданија без ароганција, ако сакаме да ги дешифрираме. Сите слики на зимскиот солстициј се колоритни, двосмислени, навидум еротизирани и смешни, но во суштина кријат големи вистини за природните циклуси на Светлината и Темнината… Помирете се со тоа дека имаме постара меморија од христијанската, па и од паганската… Ние сме минливи, верата се преобразува, ама трае“, коментира Ќулавкова на Фејсбук.