„На ДУИ би ѝ одговарале само еден уставен поредок и само еден политички систем: оној во кој таа како партија и нејзиниот врховен лидер Али Ахмети ќе бидат на власт секогаш. За дуистите не би доаѓал предвид ниту уставниот поредок на Белгија, или Швајцарија, ниту на САД, или на Луксембург, ако во таквите уставни уредувања тие би биле во опозиција. Ним дури ни рајот не би им изгледал совршен, ако би биле принудени да бидат опозиционери и таму.“ – вели Беким Ќоку, пратеник од редовите на косовската партија Ветвендосје (Самоопределување’ во Собранието на Републиkа Македонија, во својата објава на фејсбук.
Натаму, Ќоку на фејсбук истакнува: Всушност, поради неговиот комунистичко-авторитарен менталитет, на Али Ахмети би му одговарале повеќе уставниот поредок и политичкиот систем на Северна Кореја, ако би ја задржал во него својата позиција на врховен лидер како Ким Џонг Ун и ако би им ја оставил во наследство на своите деца.
Знаеме колкаво беше нивото на корупцијата и крадењеето, кои ги изврши оваа политичка клика 22 години. Сега Али Ахмети, неговото семејство и неговите пријатели, овие луѓе со скапан морал ќе изнесуваат добри мислења, предлози и сугестии.





