Ќоку во врска со законот за јазиците и за албанскиот јазик: Подобро без закон, одошто со лош закон!

„Иако Уставниот суд ја одложи одлуката за законот за албански јазик, расправата за овој закон продолжува. Беким Ќоку од Вреди не се откажува од мислењето дека законот за албански јазик е лош, истиот закон што до пред некој ден како коалиција Вреди го негираа. Ќоку на Фејсбук пишува: ‘Подобро без закон, одошто со лош закон!’“ – објави ТВ Клан Македонија. Инаку, пратеникот во Собранието на Република Македонија Беким Ќоку е и политички  советник за Македонија на косовскиот премиер Курти, како и официјален претставник на претставник на владејачката косовска партија Ветвендосје (Самоопределување) во Македонија, чиј лидер е Курти.



Во веста телевизијата дополнува: „Европскиот фронт’ протестираше против Уставниот суд и за расправата за легитимноста на албанскиот јазик, додека од Вреди рекоа дека законот нема да се гиба.“