Ќе ја нема Македонија – Македонски Влав прогласи 1/7 од Македонците за Бугари а останатите ги именува како Власи

Македонскиот Влав Калин Бабушку на социјалната мрежа Твитер прогласи 1/7 од Македонците за Бугари и предизвика гнев кај голем број луѓе.



Бабушку кој беше дел од бизнис империјата на семејството Заеви ја сподели спорната информација дека 216.000 македонски граѓани имаат бугарски пасоши и најави дека Македонија ќе ја нема.

Според Бабушку останатите македонски граѓани кои што немаат бугарски пасоши се Власи.

,,216.000 ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА ИМААТ БУГАРСКИ ПАСОШИ?

Тоа е околу 15% од македонците се бугари.
Ете затоа Македонија нема да ви ја има.

Добро е што другите сте Власи, па како така ќе опстане Македонија ама преку такво пак, како во 903та, да ви ја спасуваме земјата”, напиша Бабушку.

Бабушку не назначува ниту директно ниту симболички дека се работи за шега поради што доби повеќе негативни реакции на неговиот статус.

Македонците и Власите немаат никакво недоразбирање и затоа е чудно што Бабушку со својот твит создава нетрпеливост меѓу двете групи кои одлично се разбираат и меѓусебно живеат.

Линк од твитот на Бабушку што предизвика реакции

https://x.com/kalinbabusku/status/1937801947798548785?t=-O61GzUA6PvR0Q81ph0Xhw&s=19