Коалицијата ВРЕДИ составена од 4 политички партии – Демократско движење, Алијанса за Албанците, Беса и Алтернатива – доколку станат една партија, тогаш еден од претседателите, Изет Меџити, Арбен Таравари, Биљал Касами или Зеќирија Ибрахими ќе биде избран за лидер.



Ова се наметнува како прашање во јавноста откако коалициските партнери формираа Координативното тело и комисијата за избори и именувања, а одрден е и заеднички портпарол, Фари Исени.

На прашањето дали се очекува пред локалните избори ВРЕДИ да стане една политичка партија, Исени одговори:

„Се додека нема третман од типот дека лицето е од Беса, ДД, АА или ААА, се додека сите се третираат како дел од ВРЕДИ, мислам дека сме на вистинскиот пат и дека е неопходно што поскоро да станеме еден субјект“, додаде Фари Исени, пренесе ТВ21.