„Ќе се бориме сите вработени во државата да добијат повисоки плати, ќе работиме на тоа, но нема тоа право да го имаат функционерите“, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски според кој се прави измена на законското решение со кое што нема да има покачување на функционерските плати.
„Оваа измена на законот наскоро ќе биде пред пратениците, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.
Нагласи дека смета дек тоа е исправен чекор.
„Ценам дека тоа е исправен чекор иако постои дебата. Ќе продолжиме и во иднина да работиме во интерес на граѓаните и на сите оние коишто не гласале и имаат доверба во нас како Влада“, рече Мицкоски.






