Собранието денеска ќе расправа за измените на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, по итна постапка, предложен од ВМРО-ДПМНЕ.
На прашањето дали мнозинството во законодавниот дом ќе даде поддршка за продолжување на важноста на патните исправи, претседателот на македонското Собрание, Јован Митрески вчера одговори дека меѓународните договори не можат да се менуваат со друг закон, пренесува РСЕ.
„Според информациите што ги добивам е дека тој закон нема да ги реши проблемите и дека е спротивен на членот 118 од Уставот во смисла на тоа дека меѓународните договори дека се дел од внатрешниот правен промет и фактички дека не можат да се менуваат со друг закон, така да конечната одлука ќе биде соопштена во текот на денот“, изјави Митрески.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ минатата недела повика на поддршка од владеjачкото мнозинство за продолжување на важноста на патните исправи.
Според нив, потребни се 15 пратеници од власта, кои заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го изгласаат законот за продолжување на важноста на пасошите.






