До 50 отсто зголемување на цената предлагаат дел од фирмите, соопштуваат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).



Каква цена им се готви на корисниците за парно од први август ќе се знае веќе утре.

Компаниите бараат поскапување на парното, а повеќе нема да има ниту субвенции за топлинска енергија, јавува Телма.

Барање за намалување на цената засега има само од ЕСМ производство и енергетика.

Она што е клучно да се напомене е дека просечната цена на гасот годинава во сподеба со претходната година е значјано пониска, но од друга страна субвенциите од оваа грејна сезона нема да има.

Низвесно останува каков ќе биде квалитетот на испорака, затоа што, според информациите, сè уште не е поставен новиот топловод на мостот „Беласица“ кој беше опожарен пред повеќе од една година.

Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски пред извесно време рече дека овој проблем влијае на испораката.

Според информации на Телма, за да може ЕСМ да ги постави новите цевки треба да достави барање до ЗЕЛС, од каде, пак, треба да дадат дозвола, но државните електрани тоа досега не го направиле.