Самостојниот синдикат на здравствените работници велат дека продолжува да расте трендот на заминување медицински персонал во западните земји.
Тие изразуваат загриженост дека јавните здравствени установи не работат со полн капацитет, а некои периферни дури и се изложени на ризик да се затворат поради недостиг на лекари.
Во прилог на загриженоста алармираат дека само во јануари 50 медицински сестри се преселиле во странство.
Според Лекарската комора, годишно емигрираат околу 250 лекари, бројка што е еднаква на цела генерација доктори кои годишно дипломираат. Но, она што загрижува е фактот што си заминуваат искусни лекари специјалисти, за кои државата вложи многу за да ги пушти да си замниат.
Министерот за здравство Арбен Таравари уверува дека 20 јавни здравствени установи сега имаат подготвено нови систематизации и веднаш можат да вработат 300 приватни специјализанти од првата група, меѓу кои најмногу кардиолози и гинеколози, од кои 30 само во Скопје, пренесува ТВ21.
Но, ангажирањето на 600 приватни специјализанти требаше да заврши на крајот на минатата година, на 30.12. 2024 Министерството за здравство и финансии им одобри вработување во Владата. Но, во пракса, овој рок сега е пролонгиран во две фази годинава, со што товарот им е оставен на болниците сами да ги систематизираат.






