За убиство на 8 полицајци и ранување на 40 други во периодот 9 и 10 мај 2015. година во кумановското Диво насеље, обвинителството побара доживотни казни за сторителите. Одбраната на обвинетите, пак,  побара увид и нејзините завршни зборови ќе ги каже на следното рочиште. Кривичните дела за тероризам и терористичка организација им се ставаат на товар на вкупно 37 обвините во случајот.

Кој бил напаѓач, кој бил логистика и помагал групата илегално да премине од Косово во Македонија, кој го обезбедил оружјето, а кој храна, е дел од она што денес го објаснуваше обвинителство. Дел од обвинетите се побунија, коментираа и дека тоа што го зборува обвинителот е невистина. Тие и нивните адвокати, побараа убид во завршните зборови, за на наредното рочиште да ги изнесат нивните.



Судењето за Диво Насеље трае повеќе од една година, започна на 9 февруари лани, откако заврши неколкумесечната истрага. Обвинети се лицата кои учествуваа во престрелката со македонските безбедносни сили како и оние кои им биле логистичка поддршка.