Ќе бидат отпуштени 4 повредени од пожарот во Кочани кои се лекуваа во Софија

Четворица од пациентите примени во „Пирогов“ кои беа повредени во пожарот во дискотека во Кочани во Република Македонија денеска ќе бидат отпуштени, јавиja бугарски медиуми



Според началникот на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во Итната болница, четворицата се во добра состојба.

Дадени се инструкции, а се чека и лабораториско следење на нивната клиничка состојба. Може да има и нова оперативна фаза, која ќе се оценува во зависност од нивната состојба.

Уште четворица жртви од пожарот, кој однесе 61 живот, остануваат во болница.

Подоцна од болницата Пирогов појаснија дека пациентите кои денеска беа отпуштени се едни од најтешко повредените од пожарот во Кочани, донесени во критична состојба во итната болница пред 21 ден. Четворицата биле отпуштени по деноноќна борба на медицинските лица за живот. Направени биле над 12 големи операции, биле на интензивна нега и под активен надзор.

Според лекарите, отсега ќе мора да направат бројни реконструктивни операции кои ќе траат со месеци, па и со години.

Останатите четворица пациенти кај „Пирогов“ од Кочани се во тешка, но стабилна состојба.

Остануваат на интензивна нега. Претстојат повеќе интервенции за нивно закрепнување.