Ќари: Косово треба да преземе мерки никогаш повеќе славомакедонските власти и бандитската ДУИ да не ги омаловажат неговите раководители!

„Бандитската постапка на славомакедонските власти имаше одредена заднина со цел јавно понижување, не само на косовската претседателка Вјоса Османи, туку и омаловажување на државата Косово. Не е доволна само протестната нота, туку мора да бидат преземени нужни мерки, кои навистина би ја натерале Владата на ФИРОМ конечно да се вразуми, за да не се повторат никогаш повеќе, ниту сега, ниту во иднина таквите случаи со државните раководители на Република Косово.“ – овој став во изјавата со белег на тешки противмакедонски провокации и омаловажувања не само на Македонија како држава, туку и на македонскиот народ, го изнесе политичкиот аналитичар од Косово Гани Ќари за весникот на албански јазик „Бота сот“ од Приштина непосредно пред посетата на косовскиот премиер Курти во Скопје и средбата со македонскиот премиер Христијан Мицковски. Скандалозната изјава на Ќари ја пренесоа голем број медиуми на албански јазик во Македонија и во Балканот.



„Бота сот“ пишува: „Според политичкиот аналитичар Гани Ќари, властите во Скопје тешко ја прекршиле Меѓународната Виенска конвенција за дипломатски односи. Тој рече дека членот на обезбедувањето на аеродромот, кој се обидел да го земе телефонот на претседателот треба да биде прогласен за нонграта и во првиот момент да биде уапсен. „Како што наведува и Претседателството на Косово, властите на ФИРОМ, или таканаречената * Македонија, ги прекршиле во најтешка форма меѓународни практики и ја повредиле меѓународната Виенска конвенција за дипломатски односи, третирајќи ја нечовечки и со дилетантска стремеж да ја попречат претседателката на Косово Вјоса Османи на аеродромот во Скопје.“

„Уште полошо, според Беким Купина, политичкиот советник на Вјоса Османи, еден албаноговорен припадник на обезбедувањето на скопскиот аеродром и близок пријател на високите функционери на бандитската ДУИ на Али Ахмети се обидел да ѝ го одземе личниот телефон на претседателката Османи. Тие најмалку треба да бидат прогласени како ‘лица нон грата’ и веднаш да бидат уапсени уште во првиот момент кога би се обиделе да влезат во Косово.’ – изјави аналитичарот Ќари.

„Исто така, тој оценува дека предметната постапка имала цел јавно понижување, не само на претседателот Османи, туку и на Косово. ‘Ова докажува дека, иако барем од Косово се сметаше дека немаат отворени прашања со * Македонија и оти развиваат конструктивни односи и континуирана позитивна билатерална соработка на сите полиња и нивоа, овој случај на циничното малтретирање на косовската претседателка на аеродромот во Скопје покажа дека таквото убедување постоело само за страната на Косово, но не и за Славомакедонците, што се потврди со инсценираниот инцидент во Скопје!“ – вели Гани Ќари.“

„Така, на дело се докажа дека бандитското дејствување на славомакедонските власти имало одредена заднина и цел на јавно понижување, не само на претседателот Др. Вјоса Османи, туку и омаловажување на државата Косово од една кревка божемна држава со народ без корени и со непостојна автохтона историја.’ – подвлече Ќари.“

„Овој аналитичар рече дека тој инцидент е предизвикан од функционери на ДУИ, кои ги нарушиле односите меѓу двете земји, поради што протестна нота упати и Министерството за надворешни работи на Косово. ‘Овој циничен инцидент намерно инициран, од лица, или блиски пријатели на високи функционери на ДУИ, не само што ги наруши односите меѓу двете земји, туку го принуди Министерството за надворешни работи на Косово да испрати силна протестна нота до таканаречената * Македонија. Но ова не е доволно, тоа нужно мора да биде придружено со други неопходни мерки, кои навистина би ја натерале Владата на ФИРОМ конечно да се вразуми, за да не се повторат никогаш повеќе, ниту сега, ниту во иднина таквите случаи со државните раководители на Република Косово.’ – посочи политичкиот аналитичар Гани Ќари за ‘Бота сот’.“