Дебатата меѓу американскиот претседател Џо Бајден, и поранешниот шеф на државата, Доналд Трамп, кои се борат за претседателска номинација, покажа дека Демократската партија треба да бара замена за Бајден, оценува „Њујорк тајмс“.



„Најочигледниот начин за демократите (…) е искрено да и кажат на американската јавност и да признаат дека господинот Бајден не може да ја продолжи својата кандидатура и да започне процес на избор на некој поспособен да го заземе неговото место, за да го порази г. ноември“, се вели во редакцискиот коментар

За време на дебатата „претседателот изгледал како сенка на голем државник“. Затоа „најголемиот јавен сервис што Бајден може да го направи сега е да објави дека нема да продолжи да се кандидира за реизбор“.

Според изданието „Демократската партија има одговорност да ги стави интересите на нацијата пред амбициите на еден поединец“, весникот оценува дека партијата „има лидери подобро опремени да презентираат јасна, убедлива и енергична алтернатива на второто претседателство на Трамп“.

Паника: Дали Бајден може и понатаму да се трка за уште еден мандат во Белата куќа

Весникот напиша дека Трамп „се етаблираше како сериозна закана за демократијата, нестабилна и нарцисоидна личност која не заслужува јавна доверба“ и претставува јасна закана за американската демократија.

„Ако се врати на функцијата, тој вети дека ќе стане поинаков вид на претседател, неограничен од границите на моќта вградени во американскиот политички систем“, се вели во написот.

„Со оглед на оваа опасност и способностите на Бајден (…) на САД им е потребен посилен противник на претпоставениот републикански кандидат.

Номинирањето на нов кандидат на Демократската партија доцна во кампањата е тешка одлука, но тоа го одразува обемот и сериозноста на предизвикот на Трамп“.